Поврзете се со нас

Европски првенства

Макели го замени помошникот поради грешката во Белград, овој откри дека е разочаран од потегот

Објавено

на

Контроверзниот момент од последните моменти на квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Португалија донесе конкретни последици за еден од судиите на оваа средба.

Кристијано Роналдо постигна гол во судиското надополнување, но судиите не го признаа, што во ситуација кога не се користеше ВАР значеше сериозна неправда за гостите и многу лутина пред се кај Роналдо.

Денеска стана јасно дека помошникот кој требаше да го следи движењето на топката нема да биде дел од холандскиот судиски состав предводен од Дени Макели, кој ќе ја дели правдата на претстојното Европско првенство.

Марио Дикс е судијата кој го загуби местото во екипата предводена од Макели, a неговото место ќе го заземе Јан де Фрис.

Самиот Дикс изјавил дека е разочаран од одлуката.

– Ова е големо разочарување за мене, посебно сега пред Европското првенство. Макели на 31. март ми соопшти дека не сака да ја продолжи соработката затоа што ја загубил довербата. Очекував поголема поддршка и разбирање откако имавме успешна соработка изминатите години, – изјавил Дикс за холандските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни