Македонското дерби за Стојановски: Брилијантниот Војдан ги нокаутираше Филиповски и Митев

vojdan

Капитенот на нашата кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски одигра главна улога во денешната драматична победа на Бујукчекмече над Банвит на македонските стратези Сашо Филиповски и Боби Митев.

Бујукчекмече обезбеди триумф како гостин со 89-84 по дополнителните 5 минути во кои Војдан постигна 8 поени со што ја комплетираше брилијатната партија со 20 кошеви (2/2 за еден, 9/10 за два) и само едно промашување, плус запиша 3 скокови, 1 асистенција и 2 украдени топки. Тој воедно беше најпрецизен играч во својот табор, додека за домаќините осто 20 поени даде Кулиг.

Бујукчекмече по 18 рунди има биланс од 7 победи и 11 порази, а во следното коло се соочува со евролигашот Анадолу Ефес.

Facebook Коментари