Поврзете се со нас

Лига Европа

Македонските тимови ги чека „пекол“ доколку минат во третата рунда: Дали Мурињо ќе се врати во Скопје?

Објавено

на

Македонските претставници во Лига Европа ова попладне ги дознаа потенцијалните противници во третото квалификациско коло во второто по ранг европско натпреварување, па доколку ја минат претстојата фаза, Силекс, Шкендија и Ренова ќе имаат исклучително тешки испити.

Силекс во втората квалификациска рунда игра против Дрита и има реални шанси да размислува за пласман понатаму, па доколку го елиминира албанскиот тим, во третото коло ќе игра полскиот великан, Легија Варшава.

Ништо полесна задача нема да има и Ренова, но пред да размислува за дуел со турскиот гигант Галатасарај кој ги чека во третата фаза, ќе мора да се надигрува со Хајдук кој секако влегува како фаворит во втората квалификациска рунда.

Последниот наш претставник, Шкендија ќе има убедливо најтежок противник доколку ја мине следната фаза, бидејќи ќе оди на мегдан со англискиот премиерлигаш Тотенхем.

Доколку го мине Ботошани, многу веројатно е дека Жозе Мурињо ќе се врати во Скопје, бидејќи Тотенхем е апсолутен фаворит во дуелот со Локомотив Пловдив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни