Македонските тенисери и тенисерки ја започнаа 2018 година со скок на ранкинг листата

tomislav

АТП ја објави новата ранкинг листа и нашиот Томислав Јотовски со своите 52 поени се наоѓа на 572 место, а интересно е што на ВТА листата Лина Ѓорческа која поради повреда не се натпреварува, бележи скок и сега се наоѓа за едно место повисоко на листата, на 276 место. Другата Македонка која се наоѓа на ВТА листата е Магдалена Стоилковска која се наоѓа на 1.051 место. Другите македонски рангирани тенисери на АТП листата забележија скокови и сега се наоѓаат на: Димитар Грабул на 1.444 место, Горазд Србљак на 1.592 место, Бесир Дургути на 1.845 место и Стефан Мицов на 1.902 место.

Facebook Коментари