Македонските тенисери паднаа на првиот испит во игра на двојки на турнирот во Нови Сад

jotovski dvojki radojkovic

Македонските тенисери немаа успешен старт во конкуренција на двојки на ИТФ фјучерсот во Нови Сад (Србија) што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Најдобриот наш тенисер, Томислав Јотовски и неговиот партнер Марио Салингер од Хрватска загубија од Милош Николиќ (Србија) и Лука Павловиќ (Франција) со 2-0 во сетови (6-0, 6-3), додека пак комбинацијата Стефан Мицов и Бесир Дургути по голема борба и три сета беа поразени од Милан Дриниќ и Небојша Миленковиќ (6-2, 5-7, 5-10).

Ова значи дека нашите асови остануваат само со настапи во сингл, а тука ќе се надигруваат Јотовски и Горазд Србљак кои за противници ги имаат Душан Рајиќ, односно Максим Тихомиров.

Facebook Коментари