Македонските тенисери останаа без четвртфинале на турнирот во Нови Сад

tomi

Сите македонски тенисери доживеаа елиминација на ИТФ фјучерсот во Нови Сад (Србија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Во текот на вчерашниот ден Томислав Јотовски, Горазд Србљак и Бесир Дургути имаа успешен настап во поединечна конкуренција, но денеска ситуацијата беше поинаква и сите паднаа пред нивните противници.

Јотовски на теренот број три го предаде мечот против Дује Ајдуковиќ (Хрватска) при негатива од 1-0 во сетови (6-1) и 4-0 во гејмови во вториот сет. Дургути пак не успеа да му се спротистави на третиот носител Петер Наѓ од Унгарија (6-4, 6-2), додека Србљак по два часа игра попушти пред седмиот носител Ерги Киркин (6-4, 6-4).

Facebook Коментари