Македонските таленти во навивачки стил: „Зига-зага“ ечеше од соблекувалната по големиот успех против Белгија (Видео)

makedonija-belgija

Македонските фудбалски надежи ова попладне го остварија најголемиот успех на репрезентацијата до 19 години, бидејќи со новата победа од 2:1 над Белгија успеаја да обезбедат пласман во Елитната фаза од квалификациите за Европското фудбалско првенство.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ покажаа огромно јуначко срце и со маестрален пресврт како што тоа го направија и против Швајцарија победија со 2:1, а сето ова кулминираше со навистина големо славје во соблекувалната, од која по крајот на средбата и големиот успех ечеше „Зига-зага“. Браво момци….

Facebook Коментари