Поврзете се со нас

Одбојка

Македонските „спартанци“ загубија еден сет, но ја остварија целта на првиот меч против Босна

Објавено

на

blank

Македонската одбојкарска репрезентација како домаќин го стартуваше првиот од предвидените два квалификацискиот турнири за Европското првенство кое ќе се игра оваа година, а на првиот натпревар ја оствари зацртаната цел, иако тоа можеше и требаше да биде доста поубедливо од конечниот резултат.

Популарните „спартанци“ како да ја потценија Босна и Херцеговина која има улога на апсолутен аутсајдер на двата турнири на кои игра и Турција, па уште во воведниот сет се соочија со доста проблеми и мораше на разлика да се решава победникот.

За наша среќа,  првиот сет ни припадна со 27:25 и тоа беше добар предуслов за помирна игра во вториот сет, кој очекувано го добивме доста рутински со 25:21. Очекување беше нашиот репрезентативци да ја завршат работата во третиот сет и со максимални 3:0 да го започнат квалификацискиот турнир, но сепак Босна ги искористи падовите во нашата игра, па така освои еден сет, добивајќи го третиот со 23:25.

blank

Ова беше јасен сигнал дека нашите играчи мора крајно сериозно да пристапат на четвртиот сет, па по почетните 2:2, следеше серија од 6:0 за македонските одбојкари, а во продолжение рутински се одржуваше предноста за дефинитивни 25:19 и прва победа во „Борис Трајковски“.

Капитенот Никола Ѓоргиев стандардно беше најдобар во нашиот табор и со 25 поени беше и најефикасен на теренот, следен од Милев кој натпреварот го заврши со 14 поени. На спротивната страна, единствено двоцифрен беше Османовиќ, а всушност со своите 24 поени беше и убедливо најголема закана за нашата селекција.

blank

Следниот натпревар ни е против фаворизираната Турција и истиот е закажан за в среда, дуел на кој нашите избраници ќе мораат да одиграат далеку посериозно од денешното загревање против Босна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни