Македонските ракометарки со пораз од Фарски Острови го завршија настапот на ЕХФ шампионатот

makedonija-u19

По вчершаната тесна победа над Косово, македонските репрезентативки до 19 години одиграа уште еден лош натпревар на ЕХФ шампионатот, па така со третиот пораз на пет одиграни натпревари го освоија шестото место на турнирот.

Македонските млади ракометарки денеска загубија од врсничките од Фарски Острови со 30:28 за заокружување на лошата слика, натпревар во кој нашиот тим беше посебно лош во првото полувреме во кое противничките имаа предност од шест гола. Предноста од 16:10 беше преголем залак за „црвено-жолтите“, па иако одиграа далеку подобро во вторите 30 минути, на крајот мораа да се задоволат со пораз од два разлика.

Јанкулоска и Смајлоска со по пет погоци беа најефикасни во нашиот табор, додека по четири гола постигнаа Калајџиевска, Кипријановска и Трпевска.

Facebook Коментари