Европски првенства
Македонските ракометарки немаа решение за амбициозната Шведска
Македонската женска ракометна репрезентација загуби (18:28) на премиерата на Европското првенство, во која противник ни беше фаворизираната селекција на Шведска.
Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ги имаа првите три водства, но од 3:2, Шведска набрзина стигна до 6:3, а потоа без поголеми проблеми стигна до посакуваниот резултат.
На полувреме Швеѓанките имаа резултат 15:7, а серијата беше надополнета на почетокот на второто полувреме, кога беше направена и двоцифрена предност, доволна за сигурна победа.
Во завршницата Македонија постигна повеќе голови за да го подобри впечатокот, но не можеше ништо повеќе против скандинавскиот ривал во Дебрецен.
Јанкуловска, Ристовска, Младеновска и Кипријановска беа најдобри реализатори со по 3 гола во мрежата на Шведска, додека во победничката селекција издоминира Хагман со 9 погодоци.
Во истата група, Унгарија денеска славеше против Турција со 30:24.
-
Шпанија23 часа
Маестро Модриќ му покажуваше на Мбапе каде да се движи на теренот, па испорача фудбалски деликатес (Видео)
-
Англија20 часа
Шок во Манчестер: Ретклиф го „шутна“ засилувањето од Њукасл по само пет месеци! (Фото)
-
Италија22 часа
Раниери откри зошто го закова за клупа капитенот на Рома
-
НБА21 час
НБА хит: Циркузантската тројка на Дончиќ „од паркинг“ со звукот на сирената (Видео)
-
Англија21 час
Караницата меѓу Белингам и Арда предизвика ерупција на Реал во Каталонија (Видео)
-
Англија19 часа
Голем пресврт: Новинарот кој има инсајдерски информации за Салах го откри следниот чекор на Египќанецот
-
Англија12 часа
Палмер испиша историја во ПЛ, Челси со голем пресврт до славје во трилерот со Тотенхем
-
Шпанија8 часа
Лудница на „Метрополитано“: Гризман погоди во 94 минута, Атлетико го доби неверојатниот меч со седум погодоци (ВИДЕО)