Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонските ракометари ќе се вратат во Скопје неколку часа по дуелот со Данска

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство, по што неколку часа подоцна експедицијата ќе се врати во Скопје.

Македонија се соочува со фаворитот Данска во натпревар на кој двете селекции однапред го знаат епилогот за својот пласман во првата фаза, а за жал нашата репрезентација нема можност да се бори за следната рунда на ова ЕП.

Според планот за патување, делегацијата во 1 часот по полноќ со чартер лет од аеродромот во Дебрецин ќе полета кон Скопје.

Авионот со нашите ракометари би требало да пристигне околу 2:30 часот на скопскиот аеродром, па по неколку денови одмор ракометарите веднаш ќе им се посветат на клупските обврски.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни