Поврзете се со нас

Одбојка

Македонските одбојкари претрпеа пораз и на последната контролка со Бугарија, следат клучните средби во квалификациите

Објавено

на

Македонските одбојкари ги завршија подготовките за клучните квалификациски пресметки со нов пораз од нашиот источен сосед, откако ова попладне одново немаа решение за селекцијата на Бугарија.

По двата неуспеси на домашен терен и вчерашниот прв пораз на средбата во Софија, денеска се одржа и втората контрола во салата „Христо Ботев“, а идентично како и пред 24 часа, македонските одбојкари освоија само еден сет.

Ако вчера отворија со водство, денеска го освоија третиот сет, но сепак ги загубија останатите три и го завршија овој квартет од натпревари со Бугарија без ниту една остварена победа.

Добра вест е тоа што и вчера и денеска се играше навистина тесно и решаваа нијанси, па нашите избраници ќе влезат во одлучувачките квалификациски дуели во натпреварувачки ритам.

Последниот меч со Бугарија заврши 25-26, 25-17, 22-25 и 25-20, што всушност беше и завршно загревање за натпреварите против Турција и Босна и Херцеговина кои ќе се играат во „Борис Трајковски“ од 11-ти до 16-ти јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни