Поврзете се со нас

Одбојка

Македонските одбојкари ја преслушаа Романија и ја прекинаа црната серија

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација стави крај на црната серија во Сребрената Европска лига, откако вечерва направи подвиг и го победи лидерот во групата.

По трите порази во серија (два од Албанија), „спартанците“ денеска се покажаа во најдобро светло на домашен терен, славејќи над Романија која и натаму е најдобар тим во нашата група.

Македонските одбојкари претрпеа тесен пораз на гостувањето во Романија со 3:2, но вечерва возвратија со подобра игра и се прикажаа во далеку попријатно светло во споредба на последните неколку меча.

Откако го добија првиот сет со 25:21, одбојкарите имаа мал пад и загубија во вториот со 22:25, но потоа ги контролираа случувањата и врзаа два сета во низа.

Во третиот беа најубедливи и славеа со 25:19, додека победата ја осигураа со 25:22 во четвртиот сет, кој се покажа и како последен на денешниот меч.

По пет одиграни меча, Македонија има седум бода на табелата и е третопласирана, но се уште има математички шанси за пласман на завршницата во Будимпешта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни