Поврзете се со нас

Одбојка

Македонските одбојкари добро отворија, но загубија и на првиот тест во Софија

Објавено

на

По двата порази од Бугарија на домашен терен минатата седмица, Македонија отпатува во Софија засилена со Деспотовски, па иако ова попладне амбициозно го започнавме првиот од двата предвидени дуели на гостински терен, на крајот одново загубивме од источниот сосед.

Македонските одбојкари го добија првиот сет со 25:23 и тоа беше секако добар сигнал за поволен резултат, но сепак Бугарија доста уверливо израмни на 1:1 (25:18), по што третиот сет се покажа како одлучувачки.

Иако имаше голема борба, домашниот тим го доби овој дел од играта со 25:22, а четвртиот сет се покажа и како последен на оваа прва пресметка во Софија кој заврши со конечни 25:18.

Двете национални селекции се наоѓаат во подготовки за квалификациите на Европското првенство кои се на програмата од 11-ти овој месец, а нашите најдобри одбојкари ќе имаат уште еден тест со Бугарите.

И утрешниот натпревар се игра во салата „Христо Ботев“ во бугарската престолнина, каде Македонија ќе се обиде да дојде до првата победа во четвртиот дуел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни