Македонија
Македонските надежи останаа без шанса за ЕП: УЕФА ја откажа Елитната рунда квалификации
Македонската репрезентација до 19 години мина успешно низ два турнира и сосема заслужено се пласираше во Елитната рунда квалификации за Европското првенство, натпреварување во кое за жал нема да ги видиме нашите надежи кои заслужија да искусат еден ваков предизвик во кариерите.
Поради лошата епидемиолошка ситуација во цела Европа, УЕФА денеска донесе одлука дека се откажуваат Елитната рунда на натпревари, што во превод значи дека Македонија на „зелена маса“ ја губи шансата да се избори за пласман на главниот турнир.
Со оглед на тоа дека ЕП до 19 години е квалификациско за Светскиот шампионат на ФИФА за играчи до 20 години, (Индонезија 20. мај до 12. јуни 2021), УЕФА соопшти дека е одлучено петте места резервирани за европски тимови на ова СП да се доделат на селекциите кои ги заземаат првите пет позиции во рангирањето според коефициентот од квалификациите за сезоната 2019/20. Тоа се селекциите на: Англија, Франција, Италија, Холандија и Португалија.
– Одлуката е непосакувана за нашата репрезентација до 19 години која обезбеди место во Елитната рунда квалификации за Европско првенство. Ова не го говорам од аспект дека ние ќе станевме Европски прваци, но факт е дека селекцијата направи голем успех со обезбеденото место меѓу најдобрите репрезентации на два турнира во низа. Жал ни е што нашите млади фудбалери нема да учествуваат на турнирот. Генерацијата (2001) направи одличен резултат и покрај тоа што на почетокот многумина не веруваа во нивниот квалитет. Дел од фудбалерите од репрезентацијата направија добри трансфери во странство, а голем дел од нив играат значајна улога во нашите прволигашки тимови. Селекторот Станиќ, исто така има важна улога во резултатите на репрезентацијата, веќе четири години ја предводи селекцијата и заедно со фудбалерите е најзаслужен за успехот. Ќе беше одлично искуство за сите да добиеја шанса за надигрување со Шпанија, Белгија и Бугарија, но од друга страна треба да ја прифатиме и моментната здравствена ситуација и да ги почитуваме сите одлуки поврзани со тоа, – изјави Зоран Стратев, технички директор во Фудбалската федерација на Македонија.
– Голема штета за оваа генерација на фудбалери што не добиваме шанса за настап во Елитна фаза квалификации. Ние по втор пат обезбедуваме место во Елитна фаза и ќе беше драгоцено искуство доколку настапевме на турнирот во Шпанија. Уште повеќе што наша главна цел е да создаваме фудбалери за репрезентацијата до 21 години, па дури и најдобриот национален тим. На оваа возраст фудбалерите веќе настапуваат на професионално клупско ниво и ќе беше одлично доколку се спротивставевме на големи репрезентации од типот на Шпанија и Белгија, – изјави Горан Станиќ, селектор на репрезентацијата до 19 години.
-
Свет19 часа
„Топка со очи“: Белингам го извади од игра цел албански тим со еден потег (Видео)
-
Репрезентација11 часа
Македонија супериорна во Вадуц: „Тројка“ за идеален почеток на квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
„ОПТА“ открива: Кој фудбалери оди, а кој трча најмногу во Премиер лигата
-
Репрезентација14 часа
Милевски ја одреди почетната постава: Почнуваме со двајца напаѓачи против Лихтенштајн
-
Лига на шампиони11 часа
Алварез за спорниот пенал против Реал: Ја гледав снимката илјада пати…(ВИДЕО)
-
Репрезентација12 часа
Атрактивен гол на Муслиу, Македонија има сигурна предност во Вадуц (ВИДЕО)
-
Формула 120 часа
Прва победа со Ферари: Хамилтон триумфираше на спринтот во Кина
-
Англија16 часа
Тухел разочаран од двајца англиски стартери: Во клубовите играа на многу повисоко ниво