Македонските надежи со нов фантастичен пресврт се пласираа во Елитната фаза за ЕП! (Видео)

makedonija-199

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години уште еднаш покажа неверојатен карактер и огромен тимски дух, па со уште еден идентичен пресврт како оној против Швајцарија пред три дена успеа да обезбеди пласман во елитните квалификации за Европското првенство.

Како и на натпреварот против Швајцарија, македонските фудбалски надежи започнаа со негатива и против врсниците од Белгија откако Фулон погоди откосо по 10 минути игра, но тоа воопшто не ги деморализираше нашите мали фудбалски мајстори кои во продолжение го покажаа најдоброто од себе.

Дарко Чурлинов по една индивидуална акција по левата страна и еден одличен центаршут го проигра Елиф Елмас во шеснаесетникот кој израмни на 1:1 во 24-та минута, а моментот на одлука пристигна во самата завршница од мечот, односно кога противникот остана со играч помалку поради вториот жолт картон на Верстрате. Македонија брзо го материјализираше ова и со пенал во 86-та минута дојдео до водство со погодокот на Атанасов, а ова автоматски значеше дека „црвено-жолтите“ го потопија и вториот фаворит на хартија со што си обезбедија сигурен пласман во елитната фаза.

Вториот патник во оваа рунда ќе се знае по последното коло, во кое Македонија никако не може да остане без посакуваниот пласман бидејќи меѓусебна пресметка имаат Швајцарија и Белгија, додека ние ќе играме против комплетниот аутсајдер Лихтенштајн.

Facebook Коментари