Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонските надежи го надиграа Гибралтар, но се задоволија со минимална победа

Објавено

на

Foto:ffm.mk

Македонските фудбалски надежи ја остварија втората победа во квалификациите за Европско првенство, откако ова попладне беа подобри од своите врсници од Гибралтар до 21 година.

Натпреварот се одигра во добро и пријатно време на националната арена „Тодор Проески“, а иистиот мина во знакот на избраниците на Драган Канатларовски.

Нашите фудбалери ги контролираа случувањата на теренот и создадоа неколку изгледни шанси, но погодија само еднаш и тоа беше доволно за минимална победа и освоени три бода.

Човек на одлука беше Луан Абази кој погоди на стартот на второто полувреме, па до крајот резултатот не се менуваше и момците на Цапар се израдуваа на втор триумф во квалификациите.

Со овие три бода, Македонија до 21 година сега е на 5-то место, има ист број на бодови како Молдавија со натпервар помалку, а само еден помалку од Шведска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни