Македонските надежи до 17 и 19 години ги добија противниците во квалификациските циклуси за ЕП

U18

Македонските фудбалски надежи до 19 години нема среќа за првата фаза во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, кое ќе се одржи во Ерменија. Македонија се падна во групата 3 со репрезентативците на Чешка, Хрватска и Луксембург. Само првите две продолжуваат понатаму што значи Македонија ќе има тешка задача со фаворитите Чешка и Хрватска.

zdrepka 19

Исто така и македонската репрезентација до 17 години доби сериозна група за квалификациите за Европското првенство во 2019 година и ќе игра против Шпанија, Фарски Острови и Израел. Пласман понатаму во елитните квалификации за ЕП во 2019 година обезбедуваат најдобрите две репрезентации од секоја група, плус четирите најдобри третопласирани репрезентации.

zhdrepka 17 godini

 

Facebook Коментари