Македонските кошаркарки ќе се соочат со Германија, Летонија и Хрватска во квалификацискиот циклус за Евробаскетот

2

Истовремено со ждрепката за квалификацискиот циклус во машка конкуренција, се одржа и извлекувањето за квалифициската фаза за жени.

Македонската женска кошаркарска репрезентација се најде во последната квалификациска група, во која покрај нашите избранички, се најдоа и селекциите на Германија, Летонија и Хрватска.

Реално гледано, македонските кошаркарки ќе имаат навистина тешка задача, бидејќи според правилата, место на Евробаскетот во 2021-ва година обезбедуваат само првопласираните тимови од секоја група, како и петте најдобро второпласирани во квалификациите.

 

Facebook Коментари