Карате
Македонските каратисти освоија два златни медали на Универзијадата во Полска
Македонската универзитетска карате репрезентација денеска успеа да го освои златниот медал во најтешката дисциплина борби мажи екипно, а успехот беше надополнет и со златен медал на Давид Петков во поединечна конкуренција.
Македонија освои прв златен медал на една европска Универзијада во екипна конкуренција, а успехот го постигнаа со четири победи следните репрезентативци: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски.
Во Финалната борба нашиот тим беше поуспешен од Украина и ја совлада со резултат 3-1.
– Постигнавме голем резултат, за прв пат на една европска универзијада Македонските карате спортисти во екипна конкуренција се на највисокиот пиедистал. Задоволството е огромно во целиот тим. Екипниот медал е секако најтежок за освојување и затоа сите многу сме среќни.
– Успехот за сите нас е поголем бидејќи репрезентативецот Давид Петков успеа и во поединечна конкуренција во тежинската категорија -67 кг да освои златен медал и заедно со бронзата на Ангела Мојсовска во категоријата – 68 кг, не прави да бидеме многу горди. Вкупниот биланс на освоени медали од оваа универзијада за Македонија се 2 (две) златни медали и 1 (еден) бронзен медал, – изјави Бошко Заборски, селекторот на репрезентацијата на Македонија.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства5 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор