Поврзете се со нас

Боречки спортови

Македонските каратисти обезбедија борби за две бронзи на Светскиот куп во боречки спортови

Објавено

на

Македонската универзитетска карате репрезентација настапува на Светскиот куп во боречки спортови во Самсун (Турција), каде е предводена од селекторот Бошко Заборски.

Во поединечните настапи кои се одржаа во првиот натпреварувачки ден, успеа да обезбеди две директни борби за бронзениот медал кои ќе се одржат во петок (30.септември).

На Светските универзитетски игри во боречки спортови во Самсун пријавени се 1100 учесници од 300 светски универзитети од 50 држави и тие се натпреварувааt во шест боречки спортови : Самбо, Борење, Бокс, Кик бокс, Вушу и Карате. Оваа година за прв пат од страна на Светската универзитетска федерација, името на натпреварот e променетo во Светски куп во боречки спортови.

На првиот ден, македонските каратисти успеаја да се изборат за две борби за бронзен медал. Каратистката Ангела Мојсовска во категорија -68 кг и Викторија Јовановска во тежинска категорија -61 кг во петок на 30.септември.2022 година ќе се борат за бронзените медали во своите категории.

Ангела Мојсовска беше многу блиску до финалето, но за жал не успеа својата предност да ја реализира во победа. После две победи кои ги извојува над Австрија 2-1, Босна и Херцеговина 4-3, таа во третото коло на десет секунди до крајот не успеа да ја задржи предноста која ја имаше од прв земен поен. Репрезентативката на Украина, Елина Сиелменева, успеа да поентира и со тоа нашата каратистка својата шанса за бронзен медал ќе ја бара во сабота во борба со репрезентативка на Хрватска, Садеа Бечировиќ.

Младата спортистка Викторија Јовановска успеа преку борба во репасаж со убедлива победа во решавачката борба од 5-1, против репрезентативката од Австралија, Џуди Мари Бат, да обезбеди исто така борба за бронзен медал. За бронзениот медал таа ќе се бори со репрезентативката на Турција, Ајсима Каракаја.

Забележителен настап првиот ден имаше и репрезентативецот Петар Заборски -75 кг, тој забележа две извонредни победи најнапред со Австралија 5-2, потоа победа и со репрезентативецот од Хонг Конг од 1-0, потоа борбата во третото коло ја загуби од репрезентативецот на Франција Ензо Бертон со резултат 1-2 и не успеа да влезе во полуфиналето.

Останатите наши репрезентативци загубија во првото коло:

Глигор Петков во категоријата +84 кг загуби 1-8 од репрезентативец од Турција.

Петар Спасеновски категорија -84 кг загуби со 1-3 од репрезентативец од Турција

Димитар Илиевски категорија -75 кг, загуби со резултат 3-5 од репрезентативец на Јужна Африка

Репрезентативците Давид Петков -67 кг, Моника Пендаровска -55 кг и Марија Петровска -50 кг денес настапуваат во своите категории, додека на 29. септември на програмата се екипните настапи во екипниот дел за мажи и жени, додека во петок се борбите за медали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни