Поврзете се со нас

Светски првенства

Македонските кадетки се бореа до крај, но останаа без четвртфинале на СП

Објавено

на

Фото: РФМ

Македонските ракометни кадетки не успеаја да остварат позитивен резултат против Исланд на последниот дуел од главната фаза и останаа без пласман во четвртфиналето на СП кое се одржува во Скопје.

Избраничките на Љубомир Савевски влегоа мотивирани во дуелот со фаворитот и во обидот да изборат барем реми, а на полувреме заминаа со негатива 13:10.

Борбеноста и желбата не беа доволни за поволен резултат на крајот, Македонија имаше неуспешен обид да намали и на гол негатива во завршницата , па откако не реализиравме пенал, Исланд на крајот славеше со 25:22, потврдувајќи го првото место во групата.

Бојана Коцева беше без промашување и со 6 гола најефикасна во македонскиот состав, а ист ефект имаа и Торкелсдотир и

Овој резултат значи дека во четвртфиналето од нашата група оди и Шведска, додека нашите кадетки ќе разигруваат за подобра мундијалска позиција од 9 до 12. место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни