Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонските кадети го отворија ЕП со победа над Црна Гора

Објавено

на

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација го започна настапот на Европското првенство со победа над Црна Гора (69:62).

Европскиот шампионат во А дивизијата се одржува во нашата земја, а Македонија имаше посакуван старт, снаоѓајќи се подобро во драматичната завршница.

И покрај големото водство во вториот период, Црногорците не се предадоа и во последната минута стигнаа до негатива 63:62, но до крајот реализираа само нашите момци.

Зетов со 20 и Јаничиќ со 14 поени беа најефикасни во македонската репрезентација, додека во црногорскиот состав, Мирковиќ уфрли дури 30 поени.

Во истата група вечерва играат Шпанија и Грција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни