Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонските футсалци освоија бод во Врање, голманот Петровски вистински херој

Објавено

на

blank

Македонските футсал репрезентативци остварија навистина одличен резултат на гостувањето кај моќната Србија, селекција која нашиот селектор Скендеровски ја посочи како петта светска сила во овој момент.

Македонија успеа да освои голем бод во Евро квалификациите во пресрет на реваншот против Србија кој за четири дена го играме на домашен терен во „Јане Сандански“, а најзаслужен за тоа е нашиот чувар на мрежата.

Голманот Антонио Петровски блескаше на голот и запиша неверојатни 21 интервенции во дуелот против Србите, а голем дел од истите беа во второто полувреме во кое го откажа фаворитот.

Србија поведе со голот на Пршиќ во раната фаза од натпреварот, Македонија израмни преку Крстевски, па ова се покажа како конечен резултат на средбата која се играше во Врање (1:1).

Вториот дел изобилуваше со напади на Србите и одбрани на нашиот голман, па конечните 1:1 се одлична увертира за она што следи во Скопје на 9-ти март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни