Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонските фанови во Букурешт само со негативен ПЦР тест, билетите за ЕП пуштени во продажба

Објавено

на

Европската фудбалска федерација ги пушти во продажба влезните билети за натпреварите на македонската фудбалска репрезентација на претстојното Европско првенство.

УЕФА ги објави деталите за начинот на кој може да се дојде до билет, истите ќе се продаваат до 26. мај, а системот функционира по принципот „прв дојден, прв услужен“, пред се поради фактот што и бројот на навивачи на стадионите ќе биде ограничен.

За да се дојде до билет мора да се добие код од Фудбалската федерација на Македонија, а сите информации може да се најдат на следниот ЛИНК.

Најважната информација е поврзана со престојот во Романија, каде Македонија го започнува настапот со дуелите во Букурешт, а македонските фанови ќе можат да патуваат со ПЦР тест не постар од 72 часа, при што веќе не важи најавеното правило дека навивачите мора да ја напуштат земјата пред истекот на 72 часа.

Македонија ќе дебитира на ЕП против Австрија на 13 јуни, а четири дена подоцна, во Букурешт ќе се сретнеме и со Украина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни