Поврзете се со нас

Македонија

Македонскиот вицешампион доби нов тренер: Драгана Ристова ќе го води Куманово

Објавено

на

Драгана Ристова е именувана за нов предводник на македонскиот ракометен вицешампион ЖРК Куманово.

Поранешната македонска репрезентативка последниот ангажман го имаше во редовите на ЖРК Вардар каде минатава сезона ја заврши на четвртата позиција во најсилната домашна конкуренција. На Ристова ќе им помагаат Сашо Божиновски (тренер на голмани), Славиша Димитријески, (помошен тренер) и Воја Ангеловски (физиотерапевт).

Кумановски во новата сезона ќе се обидат да се вратат на тронот на македонскиот ракомет, додека пак на меѓунардоната сцена ги очекува настап во Европскиот ЕХФ Куп каде во второто коло ќе ги одмерат силите со  Макаби Рамат Ган од Израел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни