Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Македонскиот шампион покажа ново лице, Кил се испоти за да ги освои бодовите во Битола

Објавено

на

foto: RK Eurofarm Pelister

Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер го одигра најдобриот меч во досегашниот тек на оваа сезона во Лигата на шампионите, поточно му даде силен отпор на фаворизираниот Кил кој на крајот се избори за триумф од 23-20.

За разликата од претходните два дуели против Алборг и Колстад, „фармацевтите“ се прикажаа во далеку подобро, поборбена, поорганизирано издание и бундеслигашот мораше добро да се испоти за да ја освои Битола.

Во двете полувремиња беше неизвесно, но искуството, квалитетот што го имаат „зебрите“ беше пресудно тие да го имаат последниот збор и со 11-9 и 12-11 да дојдат до посакуваната цел во салата „Боро Чурлевски“.

Радивојевиќ со пет гола беше најдобар поединец во таборот на битолчани, додека Екберг и Елифсен дадоа по пет за победникот.

ПСЖ е наредниот ривал на Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни