Поврзете се со нас

Македонија

Македонскиот ракомет завиен во црно: Почина Андон Бошковски-Доне!

Објавено

на

Македонскиот ракомет остана без еден од своите најдобри тренери Андон Бошковски-Доне.

Еден од најценетите македонски стратези почина во 47. година од својот живот и го зави во црно македонскиот ракомет. Популарниот Доне многу млад ја заврши играчката кариера поради повреда на раката, но остана во овој спорт и му се посвети на тренерскиот занает.

Тој своето тренерско патување го започна во Работнички во 2004 година по што работеше во многу македонски клубови како асистент и како главен стратег, еден период беше и помошник во македонската сениорска репрезентација, а се испроба и во странство каде работеше во Романија и Косов0.

Неговата смрт беше дочекана со неверување кај јавноста, клубовите, а со порака, сочувство кон семејство се огласи РФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни