Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Македонскиот првак надигран од Фуксе Берлин, Пелистер ги загуби шансите за осминафинале во ЛШ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер претрпе пораз од Фуксе Берлин од 39:29 во натпреварот од 13. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Бундеслигашот важеше за апсолутен фаворит на ова соочување на кое му беа потребни бод/бодови на Пелистер за да останат во игра за место во нокаут фазата, но домаќинот не дозволи никакво изненадување и забележа сигурен триумф од десет разлика.

„Лисиците“ уште во раната фаза дојдоа до предност од 7-1, но избраниците на Алонсо се вратија од полувреме и на пауза имаат „само“ минус три (15:12). „Зелено-белите“ се држеа до 20-18 за да потоа бундеслигашот одново се одлепи и отиде на 24:18, предност која продолжи да расте до крајот на натпреварот.

Кузмановски беше прв стрелец со седум погодоци кај битолчани. Во последното коло Пелистер ќе се соочи со ПСЖ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни