Македонскиот напаѓач ја менува средината, ама останува во Италија: Несторовски е по мерка на Инѕаги

ile

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски може по крајот на оваа сезона одново да ја смени клупската средина, ама и понатаму да остане во Италија.

Медиумите на Апенините најавуваат дека нашиот репрезентативец кој не е во прв план во Удинезе е на мета на лидерот во Серија Б, Беневенто кој повеќе од сигурно е дека ќе игра во елитата во следната кампањата со оглед на тоа што по 28 кола има дури 20 бода во однос на второпласираниот на табелата-Кротоне.

Беневенто е предводен од легендата на италијанскито фудбал Филипо Пипи Инѕаги што секако може да одигра улога во конечната одлука на Несторовски. Интерес за голгетерот од Прилеп има и од Бреша и СПАЛ, па останува да видиме што ќе се случува и каков потег ќе повлече Македонецот кој во актуелнава сезона има еден гол на 17 натпревари.

Да потсетиме претходно тој играше во Палермо, а во кариерата настапуваше уште за Победа, Словачко, Викторија Жижков, Металург и Интер Запрешиќ.

Facebook Коментари