Поврзете се со нас

Свет

Македонски фанови барале од Хамшик да ги фотографира, се шокирале кога им кажал дека го познава Пандев (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/ChampionsLeague

Марек Хамшик долги години беше активен на фудбалската сцена и имаше квалитетни изданија во клубовите кои настапуваше пред се во Наполи каде едноставно одбележа една ера која траеше повеќе од една деценија.

Словакот имаше и свој заштитеен знак, препознатлива фризура, но денеска има сосема друг имиџ, па се случува фановите да не го препознаат.

Токму Хамшик кој сега е дел од селекцијата на Словачка обелодени една анегдота со македонски навивачи кои едноставно не го препознале и барале од него да ги фотографија, па се шокирале откако им кажал кој е и дека го познава Горан Пандев со кого беа соиграчи во Наполи.

-Има моменти кога луѓето не ме препознаваат без фризурата што ја имав во минатото. Пред некој ден шетав и група македонски навивачи бараа да ги фотографирам. Го направив тоа и потоа им реков дека се знам со нивниот капитен Горан Пандев. Ми рекоа, како е тоа можно, не ми поверуваа, но проверија на Гугл, па ме препознаа. Потоа направивме и заедничка фотографија, -истакна Хамшик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни