Македонски алпинист почина во обид да го освои Монт Еверест

me

Познатиот македонски алпинист, Георги Петков, починал за време на мисијата за искачување на највисокиот врв во светот, Монт Еверест.

Светските агенции ја пренесоа веста од организаторите на искачувањето на Хималаите, а според истата 62-годишниот Петков доживеал срцев удар додека се наоѓал во последната, трета базна станица и се подготвувал за последната етапа од искачувањето до врвот.

Петков бил дел од експедиција предводена од британскиот алпинист Тим Мосдејл и требаше да стане еден од ретките Македонци кои се искачиле на Монт Еверест. Во најавата за овој подвиг, Петков кој беше истакнат доктор од Гевгелија потенцираше дека посакува да стане прв гевгеличанец и шести Македонец кој стапнал на Монт Еверест.

Facebook Коментари