Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Македонската титула во снукер повторно за Берат Јашари

Објавено

на

Со одигрувањето на четвртиот од петте предвидени турнири во „Алфа Плам Националното првенство“ во снукер, резултатскиот исчекор на 24-годишниот Берат Јашари од Куманово овозможува тој веќе да ѝ се радува на втората шампионска титула бидејќи стекна недостижна предност во однос на конкурентите.

Со освојување на три од досега организираните четири турнири, Јашари го запоседна сам врвот на табелата, а таа мисија му беше олеснета со тоа што вториот играч со најголем напредок, феноменалниот Петар Панов, кој до овој турнир беше веднаш зад него, не ја искористи шансата со висок пласман да ја продолжи неизвесноста, за шампионот да биде крунисан на последниот петти турнир.

Викендов, слично како и минатиот турнир, најдобрите 20 играчи поделени во 5 групи атакуваа за пласман во четвртфиналето. Освен оправданато отсуство на Александар Ставриќ, немаше поголеми изненадувања и најдобрите осум се најдоа во завршницата. Тука се случи изненадувањето: па полуфиналистот од минатиот трет турнир, охриѓанецот Петар Колоски, во цврсто издание го добие дуелот со Панов. Императивот дека мора да победи за да остане во игра за титулата делуваше дека создаде огромен притисок кај Панов, по што го загуби одлучувачкиот фрејм, а со тоа и шансите за тронот. Иако оваа „сензација“ му го  отвори патот до финалето, Колоски во следниот меч делуваше преморено и загуби од Владо Матоски со резултат 3 :1. На овој начин Матоски кој предходно во четврфиналето веќе изигра неверојатен меч против македонската легенда во спортовите со штека, Дејан Сипковски, со прва победа во нивните меѓусебни дуели оваа сезона, успеа да стане првиот полуфиналист.

Искусниот Горан Ѓурчиновски исто така имаше натпросечно издание и ја мина најизедначената група по квалтет без изгубен меч. Во групната фаза за малку не успеа да направи „half century“ (48 поени во низа), за потоа да го елиминира се постандардниот Лукревски. Сепак, популарниот „Ѓуре“ во полуфиналето ја почувствува доминацијата на Јашари, па иако во на почетокот вториот фрејм создаде огромна предост од над 40 поени, кумановчанецот Берат покажа дека знае и под притисок да игра и да се врати во фрејмот за победа од 3:0. На овој начин Јашари делуваше како да извлекол поука од четвртфиналниот меч со младиот Филип Нешкоски, кој благодарение на одличната дефанзивна игра го намачи актуелниот шампион, па таа „мајсторка“ му даде поттик на Берат во следните два меча да игра на повиоско ниво.

Во финалето Матоски делуваше преморен од предхоните тешки мечеви и не го даде максимумот, но и расположениот Јашари едноставно не остави премногу шанси. На целиот турнир актуелниот шампион на Македонија одигра совршена офанзивна игра и направи неколку високи брејкови, во два наврати по 39 поени, а потоа и највисокиот на турнирот од 51 поен. Во таа смисла, конечниот резултат 3:0 ја потенцира  добрата игра ви низа на Јашари, наспроти променливите изданија на другите играчи кои демонстрираа квалитет, но не континуитет

Формалното прогласување на шампионот за 2022 година од „Алфа Плам Националното првенство“ во снукер ќе биде спроведено од федерацијата по одигрувањето на последниот турнир во декември, со кој ќе се комплетира вкупната ранкинг листа за натпреварувачката година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни