Македонската тениска надеж Јана Стојанова победи на Божиќниот турнир во Белград

jana-stojanova1

Јана Стојанова поседува голем потенцијал и тениски талент кој се надеваме ќе и донесе и успешна професионална кариера, а своите квалитети ги потврди и со освојувањето на традиционалниот Божиќен турнир кој се одржа на терените на тенискиот клуб Црвена Звезда во Белград.

Стојанова во финалето ја совлада грчката ривалка Атина Пита со убедливи 6:2/6:0 и на тој начин го потврди доминантниот настап на овој квалитетен турнир во Србија за тенисерки на возраст до 14 години.

Jana-Stojanova

Покрај титулата во сингл, Стојанова заедно со српската колешка Лола Радивојевиќ ја освоила титулата и во игра на двојки.

Македонската тениска надеж во женска конкуренција во моментов се наоѓа на 74 место на европскиот ранкинг за тенисерки до 14 години.

Facebook Коментари