Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонската репрезентација во комплетен состав темпира форма за Ерменија

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација денеска во комплетен состав ги продолжи подготовките за претстојните квалификациски натпревари против Ерменија, Исланд и Романија.

Новиот селектор Благоја Милевски ги подготвува нашите најдобри фудбалери за предизвикот против три незгодни репрезентации, сите со различен стил на игра, а на почетокот во фокусот е Ерменија.

Елиф Елмас и Адис Јаховиќ им се приклучија на колегите од националниот тим на тренинзите, со што Милевски може да ја темпира формата и формацијата за дуелот со досега перфектната Ерменија која е на врвот во групата.

Натпреварот Македонија-Ерменија се игра на 2. септември, а билетите се продаваат по 300 денари.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни