Поврзете се со нас

Лига на нации

Македонската репрезентација со дополнителни проблеми за дуелот со Ерменија

Објавено

на

Најдобрите македонски фудбалери обезбедија пласман на Европското првенство кое ќе се одржи следната година, во меѓувреме ја совладаа Естонија, но селекторот Игор Ангеловски ќе има дополнителни проблеми за последниот натпревар против Ерменија.

На денешниот натпревар поради повреди, суспензија или заслужен одмор недостасуваа Димитриевски, Алиоски, Пандев, Адеми и Барди, а списокот на играчи кои ќе недостасуваат на гостувањето во Ерменија е уште подолг.

Елјиф Елмас заработил повреда на денешната средба со Естонија, поради што беше и заменет во завршницата и селекторот Ангеловски потврди дека дополнително ќе биде донесена одлука дали играчот на Наполи ќе патува на следното гостување.

Поради заработени жолти картони против Естонија, во Кипар ќе ги нема и Стефан Спировски и Бобан Николов, што е сериозен хендикеп за нашиот среден ред.

Алиоски беше суспендиран за денешниот дуел, но поради повреда нема да игра против Ерменија, а Кире Ристевски имаше позитивен тест на коронавирусот и затоа не може да патува со своите колеги од националниот тим.

Во пресрет на последното коло, Македонија има 9 бодови, а следуваат Грузија со 6 и Ерменија со 5, при што овие селекции вечерва имаат меѓусебен дуел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни