Поврзете се со нас

Македонија

Македонската репрезенативка го засили славниот руски клуб Лада Тољати

Објавено

на

Љубителите на женскиот ракомен во Македонија, особено они постарите со сигурност добро се сеќаваат на Лада Тољати. Рускиот клуб кој со наш Каометал ЃП своевремно беа големи ривали.

Токму во Лада Тољати од идната сезона ќе игра македонка, актуелна репрезентативка на нашата репрезентација.

Станува збор за Леонида Гичевска, која денес беше промовирана во нова ракометарка на Лада Тољати.

Гичевска доаѓа во Русија од редовите на романскиот прволигаш Стинта, а претходно во својата интернационалната кариера настапуваше и за Локомотива Загреб во Хрватска како и за француските Ле Самбр и Безансаон.

Во Македонија Леонида својата кариера ја градеше во дресовите на Вардар Јуниор, Вардар, Металург и Куманово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни