Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонската футсал репрезентација испушти реми против лидерот во квалификациската група

Објавено

на

Македонската футсал репрезентација беше блиску до позитивен резултат во квалификацискиот натпревар против Босна и Херцеговина, но фаворитот на крај победи со 2:3 на средбата која се играше во Скопје.

Гостите веќе си обезбедија место на Европското првенство, а го задржаа максималниот учинок во групата и по денешната победа над македонската репрезентација.

Селекцијата предводена од Васко Скендеровски првпат имаше негатива во 13. минута, кога Сесар донесе предност за БиХ, а капитенот Ранготов израмни на стартот на второто полувреме.

Хркач во 36. минута обезбеди нова позитива за гостите, а Рамадан во 39. минута израмни, по што се чинеше дека Македонија ќе остане непоразена. Сепак, во завршницата, Босна и Херцеговина успеа да реализира на 12 секунди до крајот преку Јелиќ и ги постави конечните 2:3.

Ова е трет пораз за нашата репрезентација во квалификациската група, по што остануваме на последното место со два бода и на еден натпревар до крајот на групната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни