Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Македонска доминација: „Октоподите“ Ристовски и Митревски ги имаат најдобрите одбрани во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Борко Ристовски и Никола Митревски во минатото беа незаменлив двоец на голот на македонската ракометна репрезентација, а сега одново се најдоа „рамо до рамо“, откако имаа брилијантни претстави на највисока европска сцена.

Македонските чувари на мрежата имаа доминантни изданија во победите на Вардар и Порто во Лигата на шампионите, па повеќе од заслужено, се најдоа на врвот на традиционалната листа која ја прави ЕХФ.

Спектакуларната двојна интервенција на Ристовски против Алборг е избрана за втора најдобра одбрана во третото коло во најелитното натпреварување, додека првото место е резервирано за Митревски.

Голманот на Порто брилијантно реагираше и со скок-одбрана го неутрализираше противникот од Динамо Букурешт, потег кој е прогласен за најтрактивен од голманска гледна точка за изминатата рунда.

Покрај македонските голмани, во топ 5 изборот се најдоа и Коралес, Буриќ и Славиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни