Поврзете се со нас

Свет

Македонска акробација како кандидат за гол на сезоната : Миовски изрежира ремек-дело во Унгарија (Видео)

Објавено

на

МТК Будимпешта ја оправда фаворитската улога во фудбалскиот Куп на Унгарија и славеше над Сенјо со уверливи 0:7, натпревар кој ќе остане запаметен по ремек-делото кое го изведе Бојан Миовски.

Македонскиот репрезентативец си обезбеди кандидатура за гол на сезоната во унгарскиот фудбал, бидејќи погодокот кој го постигна за 0:2 во првиот дел беше акробатска минијатура која заслужува секаква пофалба.

Миовски го матираше противничкиот голман свртен со грб кон голот, а во продолжение од првото полувреме, постигна и втор гол за посигурно водство на неговиот тим.

Нашиот напаѓач беше навистина расположен за игра и запиша и една асистенција во овој дел од играта, по кој беше јасно дека МТК ќе оствари рутинска победа.

Миовски на почетокот на месец септември доби повик од селекторот Миоевски како перспективен напаѓач на кого треба да се внимава во иднина, а со денешното издание, Бојан потврди дека поседува огромен потенцијал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни