Поврзете се со нас

Шпанија

Македонката си оди од клубот од Валенсија: Леванте се збогуваше со Андонова

Објавено

на

foto:twitter.com/LUDfemenino

Најдобрата македонска репрезентативка нема повеќе да биде дел од составот на шпански Леванте,

Андонова настапуваше во клубот од Валенсија во изминативе пет години, период во кој одигра вкупно 140 официјални натпревари и постигна 24 погодоци.

Наташа е дел од групата од шест фудбалерки со кои Леванте денеска официјално се збогуваше.

Останува да се види кој ќе биде следниот предвизвик за Македонката која претходно го носеше дресот на Барселона, ПСЖ, Розенгард, Турбине Потсдам, Борец и Тиквешанка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни