Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија загуби и од Холандија на ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација го доживеа вториот пораз на Европското првенство и тоа од селекцијата на Холандија која вечерва не доби во СЦ „Борис Трајковски“ со 30-15.

Холандските ракометарки покажаа дека се далеку на повисоко ниво од избраничките на Савевски и заслужено дојдоа до бодовите во Скопје со кои обезбедија пласман во наредната фаза.

Гостинките прво дојдоа до посериозна предност (6-1) по што беше многу полесно за нив во преостанатиот дел од мечот. Првиот дел го реализираа со 17-9, додека во второто полувреме резултатот изнесуваше 13-6.

Ристовска со четири гола беше наша најрасположена ракометарка, додека Смитс со седум погодоци ја предводеше листата на стрелци кај Холанѓанките.

Во последното коло од оваа фаза ќе се соочиме со Романија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни