Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија забележа минимален пад на најновата ФИФА листа

Објавено

на

Македонија доживеа два непријатни порази во месец септември во Лигата на нации, но сепак неповолните резултати против Грузија и Бугарија резултираа со минимален пад на ФИФА листата.

Најновото рангирање на Светската фудбалска Федерација ја сместува Македонија на 65-то место, што значи пад од само една позиција во споредба со минатиот месец.

Македонија има 1082 поени и останува во сигурната зона во која е веќе подолго време, со тоа што двата неуспеси во сепмтеврискиот циклус направија да загубиме 16,69 рејтинг поени.

Веднаш зад Македонија се Албанија, Јужна Африка, Ирак и Црна Гора, додека чекор пред нас се Јамајка, Словенија и Исланд.

На врвот нема големи промени, па така топ 10 листата почнува со Бразил, белгија, Аргентина, Франција и Англија, а завршува со Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни