Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија забележа мал пад на ФИФА листата по јунските натпревари во Лигата на нации

Објавено

на

Напорниот јунски циклус во Лигата на нации го завршивме со две победи, едно реми и еден пораз, а тоа направи Македонија да забележи мал пад на ФИФА листата.

Четирите средби  ги заокруживме со две победи над Гибралтар, реми со Бугарија и пораз од Грузија, па токму последниот резултат најверојатно не чини и пад на светското рангирање.

„Рисовите“ назадуваа две позиции и паднаа од 62-то на 64-то место, а според калкулациите на ФИФА, загубени со речиси шест ранкинг поени.

Сега следи период на пауза ова лето, а квалификациите во Лигата на нации ги продолжуваме во месец септември, кога ќе добиеме нова шанса за подобрување на ФИФА ранкингот.

Во меѓувреме остануваме најдоброраниграна селекција од групата во Лигата на нации, бидејќи Бугарија е 74-та, Грузја 82-ра, а Гибралтар 201-ва светска фудаблска сила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни