Европски првенства
Македонија во фокусот ЕХФ: Се поставуваат три прашања, можат ли младите…

Македонската репрезентација е пред нов голем ракометен настан, а тоа е Европското првенство на кое домаќините се Словачка и Унгарија.
„Црвено-жолтите“ се во група со Данска, Словенија и Црна Гора, дуели кој дефинитивно ќе дадат одговор за тоа на кое ниво сме во моментов, односно дали оваа селкција која се подмладува може да одговори на предизвиците и биде конкурентна на најголемата сцена против најдобрите.
ЕХФ ја претставува секоја репрезентација, па сега и дојде редот на Македонија за која според авторот овој шампионат ќе даде одговор на три прашања, дали тимот може да истапи, направи чекор напред по лошото издание на СП, потоа што Кирил Лазаров и Филип Миркуловски ќе му донесат на тимот, како и тоа дали младите ќе го покажат нивниот потенцијал.
-Лазаров има јасна визија за својот тим и за стилот на игра. На младите играчи ќе им се даде шанса да се докажат, но Македонија исто може да смета на искусни играчи во клучните моменти. Оваа комбинација може да се покаже корисна, бидејќи Македонија сака да го остави зад себе разочарувањето од 2020 година – кога не успеаја да напредуваат во главната рунда за прв пат на ЕП.
-Добро е познат рекордот на Лазаров и љубовта кон ракометот. Доаѓањетето на Миркуловски кој се врати во тимот откако се повлече во 2018 година, носи нешто дополнително. Ова дуо има посебна врска со репрезентацијата и ова заедно со нивната тактика и искуство поставува добра основа за ракометната иднина на Македонија.
-Подмладениот тим ќе има тешка задача во Дебрецен да се пласира во главната рунда против фаворитот за медали Данска, самоуверената Словенија и Црна Гора. Сепак Лазаров сигурно ќе им даде можност на своите млади играчи да покажат од што се направени. Особено внимавајте на централниот бек Марко Мишевски и десното крило Ненад Костески, –се вели во текстот на ЕХФ.
-
НБА13 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија6 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија8 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА13 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија10 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Шпанија14 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП7 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Англија10 часа
Емотивниот Мартинез се исповеда пред новиот тежок процес кој следи во кариерата (Фото)