Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија во четвртиот шешир пред ждрепката за СП: Ако среќата не посака, би можеле да добиеме полесна група

Објавено

на

Следен важен датум за фудбалската репрезентација на Македонија е 7 декември кога ќе ги дознаеме противниците во групната фаза за пласман на Светското првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Катар.

По пласманот на Европскиот шампионат, апетитите на нашите фудбалери пораснаа, но јасно е дека пласманот на Мундијалот ќе биде тешко дофатлив, посебно ако се земе предвид дека нашата селекција се наоѓа во четвртиот шешир, па за противници ќе добие три релативно потешки селекции.

По крајот на Лигата на Нациите се одредија и сите шешири по кои е познато со кого Македонија може да спарингува во квалификациите за Светското првенство. Мундијалските квалификации ќе се содржат од десет групи во кои ќе бидат распоредени по пет или шест репрезентации.

Само првопласираните селекции обезбедуваат директен пласман на Светското првенство, додека десетте второпласирани репрезентации заедно со уште две репрезентации кои се најдобри од Лигата на нациите ќе поминат низ бараж систем по кој ќе бидат познати уште шест европски репрезентации учесници на светското првенство.

Доколку имаме среќа во ждрепката можеме да добиеме група во која ќе може да се надигруваме и со репрезентациите кои се од првите три шешири.

ШЕШИР 1: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Данска, Хрватска, Германија, Холандија

ШЕШИР 2: Швајцарија, Полска, Шведска, Велс, Австрија, Украина, Турција, Србија, Словачка, Романија

ШЕШИР 3: Русија, Република Ирска, Норвешка, Унгарија, Чешка, Шкотска, Исланд, Северна Ирска, Финска, Грција

ШЕШИР 4: БиХ, Словенија, Црна Гора, МАКЕДОНИЈА, Албанија, Бугарија, Белорусија, Израел, Грузија, Луксембург

ШЕШИР 5: Ерменија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Естонија, Косово, Казахстан, Литванија, Летонија, Андора

ШЕШИР 6: Молдавија, Малта, Лихтенхштајн, Гибралтар, Сан Марино

Група во која репрезентацијата на Македонија би имала шанси и би можела да се надева на уште еден историски успех: Данска, Романија, Северна Ирска, Македонија, Андора, Сан Марино

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни