Репрезентација
Македонија (У17) го почна квалификацискиот турнир со реми против домаќинот Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години, денеска го започна настапот во квалификациите за Европското првенство и тоа на турнир на кој домаќин е Шкотска.
Токму шкотските таленти им беа први ривали на избраниците на селекторот Димитар Капинковски, а Македонија на крајот стигна до реми (2:2) и прв бод во оваа група.
Во 40. минута, Кристијан Маркоски го отвори резултатот и Македонија имаше водство на полувреме, но шкотската селекција успеа да направи целосен пресврт во вториот дел.
Бојд и Хогарт со по еден гол донесоа предност за Шкотска, се додека Лорент Жаку во 83. минута не погоди за израмнување и конечни 2:2.
Следен противник на турнирот ни е Лихтенштајн, а во последното коло се среќаваме со Романија, која денеска стигна до победа од 10:0.
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА15 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија10 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија14 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…