Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија создаде доволно шанси за победа, но освои само бод во Торшавн

Објавено

на

Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација ќе се врати со освоен бод од гостувањето во Торшавн, иако според создадените шанси, избраниците на Благоја Милевски во секоја смисла на зборот ги заслужија трите бода.

Натпреварот против Фарски Острови започна доста лошо за нашиот национален тим поради претстрогиот пенал кој го досуди главниот судија од Литванија, па така голот од 11 метри на Давидсен донесе неочекуван тек на мечот.

Македонија брзо успеа да ги прибере редовите и преку Чурлинов имаше стопроцентна шанса за израмнување во 19-та минута, но стоперот на Фарски Острови реагираше во последен момент и така резултатот не се промени.

Во остнатиот дел од првото полувреме, се играше доста цврсто и организираната одбрана на „фараните“ ги неутрализираше македонските фудбалери, кои сепак во вториот дел одиграа далеку подобро и поофанзивно.

Поради направениот пенал, Иљазовски доби жолт картон и беше изваден на полувреме, но покрај него, од игра беше повлечен и Митровски. Со Алиоски и Ќамили во продолжение, Македонија нападна од првата минута во вториот дел, а веќе во 49-та минута израмнивме на 1:1 по досудениот пенал, овојпат во корист на нашиот тим.

Енис Барди беше прецизен реализатор на најстрогата казна, потоа следеше голема шанса на Чурлинов кој по вторпат не успеа да постигне гол, но убедливо најдобрата прилика ја имаше Ќамили кој небранет од никого го префрли голот од пет метри во 69-та минута.

Ова беше последната голема шанса за гол на овој меч, кој на крајот заврши со поделба на бодовите на стартот на новиот циклус во Лигата на нации.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни