Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија со пораз од Франција го отвори квалификацискиот циклус за пласман на младинското ЕП (Видео)

Објавено

на

Младата репрезентација на Македонија до 21 година со пораз од Франција ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во 2023 година.

Избраниците на Драган Канатларовски очекувано беа инфериорен противник против фаворизираната селекција на Франција која на крајот славеше со убедливи 3:0.

Французите стигнаа до водство со повеќе од јасно непостоечкиот погодок на Мбуку кој во 26. минута го отвори резултатот. Главниот судија досуди гол за Франција, но јасно беше дека топката не ја мина гол линијата со целиот обем.

Веќе на стартот на второто полувреме, во 50. минута новиот фудбалер на Реал Мадрид, Едуард Камавинга со удар од дистанца го совлада Денковски за 2:0.

Конечниот резултат го постави фудбалерот на Милан, Пјер Калулу кој со убав лоб го матираше нашиот голман кој пак беше најдобар поединецо во составот на Драган Канатларовски на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни