Поврзете се со нас

Светски првенства

Македонија со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија од 30-26 го заврши настапот на 27. Светско првенство во Египет.

Ова за нас беше петти пораз во шестиот меч на мундијалот на кој добивме шанса да настапиме во последен момент, како резерва и тоа откако Чешка одлучи да се откаже поради голем број на позитивни случаи на КОВИД-19.

На денешната средба против Белорусите одигравме добро во најголем дел, но имавме и црни минути во вториот дел со кои му овозможивме на противникот да направи разлика по која не се вративме. Првиот дел заврши нерешено 14-14, второто полувреме исто така започна и беше рамноправно се до 20-20.

Белорусија потоа направи серија од 4-0, се одлепи и потоа знаеше како истата да ја сочува до самиот крај.

Капитенот Лазарот кој воедно беше прогласен и за играч на натпреварот беше најдобар поединец со седум постигнати голови, по четири дадоа Кузмановски и Пешевски.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни